Свет Двојни протести во Феникс, едни против, други за исламот

Двојни протести во Феникс, едни против, други за исламот

Пред џамија во Феникс, во американската сојузна држава Аризона, околу 500 демонстранти се собраа при што половината од нив протестираа против исламот, додека другата половина им се спротивставуваа.

Полицијата за време на протестот успеа да ги задржи одвоени двете групи, а демонстрациите завршија без насилства и апсења.

Протестот против исламот го организираше жител на Феникс кој за себе вели дека е поранешен маринец, кој се борел во Ирачката војна и верува дека исламот е насилна религија, јавуваат американски медиуми.

Тој беше предводник на колоната од околу 250 луѓе кои беа вооружени со пиштоли и со ловечки пушки, а носеа американски знамиња и цртежи на пророкот Мухамед. Протестот кој траеше неколку часа привлече големо внимание на социјалните мрежи во САД.