Свет Европа Протестен марш низ улиците на Москва во чест на Немцов

Протестен марш низ улиците на Москва во чест на Немцов

Низ улиците на Москва денеска ќе се организира протстен марш посветен на убиениот руски опозиционер Борис Немцов. Маршот ќе се одржи наместо планираниот голем протест на опозицијата против војната во Украина.

Предвидено е протстот да почне во 14 часот, а по еден час ќе почне и маршот низ московските улици. Руските власти синоќа издадоа одобрение за собирот и дозволија присуство до 50.000 луѓе.

Од Националниот инспекторат велат дека се истражуваат неколку мотиви за убиството на Немцов, вклучувајќи ја и можноста опозицијата да го убила за да се оцрни името на претседателот, како и можноста Немцов, кој бил Евреин, да е убиен од радикални исламисти.

Немцов, лидерот на опозициското „Движење на солидарноста“, во петокот вечерта беше убиен со четири куршуми истрелани од автомобил во движење додека се шетал на московскиот мост Бољшој камени.