Свет Протест во Техеран поради договорот за нуклеарната програма

Протест во Техеран поради договорот за нуклеарната програма

Околу 200 лица денеска протестираа во Техеран поради рамковниот нуклеарен договор кој минатата недела го постигнаа Иран и шест светски сили.

Иранската новинска агенција ИРНА јави дека протестите се одржале пред Парламентот во Техеран, без претходна дозвола на властите.

За време на демонстрациите, во парламентот се одвивала затворена седница, на која министерот за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, пред пратениците го претставувал постигнатиот договор.

Иранските власти го поддржаа договорот кој треба да биде основа за постигнување конечно решение до крајот на јуни, но претставниците на тврдокорната линија оцениле дека договорот претставува катастрофа за Иран.
Иран и Групата пет плус еден (постојаните членки на Советот за безбедност на ОН, Кина, Русија, САД, Франција и Велика Британија плус Германија) договориле ограничување на збогатувањето на уран, така што Техеран нема да може да направи атомска бомба, а ќе се ублажат и економските санкции кон Иран.