Македонија Протест против масовното труење кучиња во Скопје

Протест против масовното труење кучиња во Скопје

Неколку стотици активисти за правата на животните денеска напладне протестираа на плоштадот Македонија против труењето кучиња во Скопје во последните неколку седмици и реагираат што нема реакција од властите за непочитување на законите за заштита на животните и за слободната продажба на отров.

Од плоштадот, демонстрантите, од кои многумина со своите миленици, се упатија кон Собранието на Република Македонија, каде истурија сода бикарбона, симболичен гест, со кој сакаа да алармираат за фрлањето отров за бездомните животни. Потоа поворката се упати кон седиштето на Град Скопје во Градскио парк.