Економија Просечната плата во Македонија изнесува 22.024 денари

Просечната плата во Македонија изнесува 22.024 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2015, изнесува 22. 024 денари, а бруто-платата е 32. 307 денари, објави Државниот завод за статистика.

Во однос на истиот период лани, има зголемување од 3, 5 проценти.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација (54, 7 проценти), други услужни дејности (27, 3 проценти) и административни и помошни услужни дејности (8, 4 проценти).

Во септември 2015 година, 1 процент од вработените во Македонија не примиле плата.