Економија Просечната нето-плата во март, 21.402 денари

Просечната нето-плата во март, 21.402 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во март годинава изнесува 21.402 денари и во однос на март лани е повисока за 1,9 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според истиот извор, просечната месечна исплатена бруто-плата во март 2015, пак, изнесува 31.455 денари.
Во март 2015 година, 1.1 процент од вработените во Македонија не примиле плата.