Економија Просечната нето-плата во февруари изнесуваше 21.813 денари

Просечната нето-плата во февруари изнесуваше 21.813 денари

Просечната месечна нето-плата во февруари изнесувала 21.813 денари, а бруто-платата – 32.074 денари, објави Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето-плата во февруари во однос на истиот месец лани, е зголемена за 3,4 отсто.

Зголемување на просечната месечна нето-плата е забележано во секторите градежништво (16,3 отсто), административни и помошни услужни дејности (11,1 отсто).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите земјоделство, шумарство и рибарство (9,2 отсто), трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли (7,8 отсто) и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (6,5 отсто).

Во февруари, 1,2 отсто од вработените не примиле плата.