Економија Просечната нето-плата по вработен во март изнесувала 28.217 денари

Просечната нето-плата по вработен во март изнесувала 28.217 денари

Фото: архива на Мета.мк

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2021 година, изнесува 28.217 денари и е за 6,8 проценти повисока во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.

„Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (17,9 проценти), Дејности на здравствена и социјална заштита (12,3 проценти) и Информации и комуникации (12,1 проценти). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (14,9 процденти), Дејности на здравствена и социјална заштита (5,3 проценти) и Градежништво (4 проценти),“ велат од ДЗС.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен пак, во март 2021 година, изнесува 42.097 денари и е зголемена за 6,7 проценти во однос на истиот месец лани.