Хроника Пронајдено телото на турскиот државјанин што исчезна во Мавровско Езеро

Пронајдено телото на турскиот државјанин што исчезна во Мавровско Езеро

По дводневно пребарување, вчера, околу 16 часот, во водите на Мавровско Езеро, во атарот на селото Леуново, било пронајдено безживното тело на турскиот државјанин Ватансевер С.(66), кој во неделата, пливајќи кон спротивниот брег, исчезна во водите на езерото.

Од полицијата информираат дека телото, на околу 200 метри од брегот, го пронашле членови на спелео-нуркачкиот клуб „Врело“ од Скопје.

Јавен обвинител и екипа на гостиварската полиција извршиле увид на местото. По наредба на јавниот обвинител, телото на турскиот државјанин било предадено за обдукција.