Главна секција Пронајдено телото на 61-годишниот жител на Лисец

Пронајдено телото на 61-годишниот жител на Лисец

Граѓани кои собирале старо железо попладнево го најдоа телото на 61-годишниот жител на селото Лисец, кој настрада за време на поплавите што завчера го зафатија Тетовско.

Телото е пронајдено во близина на наплатната рампа Тетово-Гостивар, во местото Бродиште. Во моментов полицијата врши увид на местото.