Свет Балкан Пронајдено оружје на покрив на воз во Ниш

Пронајдено оружје на покрив на воз во Ниш

Полицијата во Ниш пронашла оружје и муниција во бугарски патнички воз што сообраќал на релацијата Софија – Ниш – Белград.

Полицијата синоќа ги пронашла пиштолите, револверот и муницијата на покрив на вагон, спакувани во фолија, а се сомнева дека биле наменети за продажба на домашниот пазар, соопшти српското МВР.

Пронајдени се 19 гасни пиштоли, гасен револвер и 4.500 куршими калибар девет милиметри.