Свет Пронајдени главните локации на кои се остатоците на египетскиот авион

Пронајдени главните локации на кои се остатоците на египетскиот авион

Специјална подморница што трагала по остатоците од урнатиот авион на компанијата „Иџипт ер“ пронашла неколку главни локации на кои се наоѓаат делови од остатоците на леталото, соопшти Египетскиот истражен комитет.

Подморницата на истражителите им испратила и први снимки од остатоците. Истражувачкиот тим сега ќе направи мапа на локации на кои се наоѓаат остатоците од авионот, стои во соопштението.

Остатоците на авионот се најдени еден ден откако е објавено дека црните кутии ќе емитуваат сигнал до 24 јуни.
Потврдено е дека авионот направил остро завртување пред да исчезне од радарот.

Авионот на „Иџипт ер“, кој летал од Париз за Каиро, се урна на 19 мај во источниот дел на Средоземно Море, а во несреќата загинаа сите 66 патници и членови на екипажот.