Свет Пронајдени две бомби на аеродромот во Каиро

Пронајдени две бомби на аеродромот во Каиро

На два различни терминали, на аеродромот во Каиро, со помош на електронски направи, полицијата открила две бомби, соопшти претставник на обезбедувањето на аеродромот.

Сè уште никој не е уапсен за овој настан, а службите за безбедност на аеродромот ги прегледуваат снимките од безбедносните камери.

Рачно изработената експлозивна направа беше активирана денеска во централниот дел на Каиро, во близина на плоштад. Нема информации за повредени во инцидентот.