Хроника Пронајдена дрога во автобус на линијата Струга – Виена

Пронајдена дрога во автобус на линијата Струга – Виена

Марихуаната била пронајдена под едно од седиштата, сокриена во најлонска кеса

Царинските службеници, на граничниот премин Табановце, вчеравечер, при редовна контрола, откриле три килограми марихуана, во автобус кој сообраќал на редовна линија Струга – Виена.

Дрогата била пронајдена под едно од седиштата, сокриена во најлонска кеса.