Хроника Пронајден мртов бездомник во Битола, најверојатно е убиен

Пронајден мртов бездомник во Битола, најверојатно е убиен

Основното јавно обвинителство од Битола отвори случај за бездомник кој е пронајден мртов во руинирана куќа во Битола.
Според соопштението, надлежен обвинител, заедно со екипа од МВР, извршил увид во куќата, при што на мртвото тело се констатирани траги на насилство.
Случајот е пријавен од друг бездомник, кој живеел во руинираната куќа заедно со починатиот. По наредба на јавниот обвинител, извршен е лекарски преглед и на пријавителот, кој, исто така, имал телесни повреди и е пренесен в болница. Обвинителството издало наредби за вештачење на траги од местото каде е најден починатиот, како и наредба за обдукција.