Култура Промовирани 50 нови наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“

Промовирани 50 нови наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“

Педесет нови наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ денеска беа промовирани во Порта „Македонија“.

Книгите се дел од владиниот проект кој почна во 2012 година, а со кој беа опфатени вкупно 560 дела од светски познати автори. Остануваат уште 37 дела да бидат објавени за да се заокружи проектот.

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, која заедно со премиерот Никола Груевски ги промовираше делата, рече дека проектот е доказ за заложбите за создавање културен амбиент во Македонија во кој јасно се перцепираат вистинските вредности.

– Ѕвездите на светската книжевност се своевидна парадигма за надградба на нашите општествени хоризонти, можност да се запознае глобалната творечка естетика изразена низ разнообразни контексти, во различни временски периоди и во различни делови од светот – истакна Канческа-Милевска.