Култура Промовирана монографијата „70 години Македонска филхармонија“

Промовирана монографијата „70 години Македонска филхармонија“

Своето седумдецениско постоење, Македонската филхармонија го одбележи со промоција на монографија, од нејзиното формирање во 1944 година до денес, во која низ документи, фотографии и сведоштва е раскажан развојот на оваа најстара музичка институција.

Монографијата насловена „70 години Македонска филхармонија“ е од авторите Тина Иванова и Роза Нолчева-Ангеловска. Таа еобјавена со поддршка на Министерството за култура.