Култура Промовирана книгата „Јавна и културна дипломатија” од Васко Шутаров

Промовирана книгата „Јавна и културна дипломатија” од Васко Шутаров

Промоција на книга на Васко Шутаров

Денеска беше промовирана книгата „Јавна и културна дипломатија“ од Васко  Шутаров, издадена од „Матица македонска“.

Претставувајќи ја книгата, министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, рече дека се работи за досега недоволно елаборирана и истражувана тема кај нас, а научна дисциплина на врвни светски универзитети, и затоа, додаде таа, книгата ќе придонесе за развој на политичката наука во Македонија, особено во сферата на дипломатијата, јавните политики, културната политика и на политичката комуникација.