Култура Промоцијата на книгата „Дека да“ со голем број пријатели на Игор Исаковски

Промоцијата на книгата „Дека да“ со голем број пријатели на Игор Исаковски

Постхумната промоција на книгатата поезија  „Дека да“, на Игор Исаковски, помина според очекуваното, во присуство на голем број пријатели, колеги и почитувачи на неговото дело.

Промоцијата се случи на денот на неговиот роденден (19 септември), во клубот МКЦ.

Песни од последната збирка читаа неговите пријатели Јовица Ивановски, Џабир Дерала, Тихомир Јанчовски, Румена Бужаровска, Ана Мартиновска, Срѓан Јанаќиевиќ, Владимир Мартиновски и други кои беа присутни на промоцијата.

Читањето на стиховите поезија беше проследено со звуците на гитарата на Тони Китановски.

Деновиве од печат излезе и 100. број на меѓународното списание за литература и за други уметности „Блесок“.

Калина Буневска-Исаковска најави дека заедно со другите основачи, како Елизабета Баковска, ќе се потрудат „Блесок“ и понатаму да излегува, иако без Игор, ќе биде тешко, но и дека ќе им недостасува.