Дописници Промоција на романот „Утринска молитва“ 

Промоција на романот „Утринска молитва“ 

Во библиотеката „Искра“ во Кочани, денеска ќе се одржи промоција на романот „Утринска молитва“ од Петко Шипинкаровски.

На свеченоста, во име на издавачот „Македонија презент“ од Скопје, ќе се обрати главниот и одговорен уредник, Христо Петрески.

Осврт за романот на Шипинкаровски и критички приказ за вредностите на ова издание ќе даде истакнатиот македонски писател, литературен критичар и историчар на македонската литература, Васил Тоциновски.

Во значајното литературно творештво на Шипинкаровски се вбројуваат осум романи, збирки раскази, повеќе поетски книги и други трудови.