Македонија Промоција на проектот за граѓанско учество на УСАИД во Струга

Промоција на проектот за граѓанско учество на УСАИД во Струга

Денеска, во хотел „Дрим“ во Струга, на јавна презентација ќе биде промовиран проектот за граѓанско учество на УСАИД.

Целта на презентациите е да се информира граѓанското општество, јавниот и приватниот сектор, медиумите и општата јавност за целите на проектот и за можностите за грантови.

Проектот за граѓанско учество е имплементиран од страна на „Ист вест менаџмент институт“ (East West Management Institute-ЕWMI), во партнерство со четири граѓански организации: Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија (ФООМ) и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).