Дописници Промоција на новиот роман на Шипинкаровски, „Утринска молитва“

Промоција на новиот роман на Шипинкаровски, „Утринска молитва“

В сабота, на 9 мај, од 16 до 17 часот, на Саемот на книгата во Скопје, издавачката куќа „Феникс“ и „Македонија презент“ ќе го промовираат новиот роман на Петко Шипинкаровски, „Утринска молитва“.

Рецензенти на книгата се угледните поетеси и писателки Мерсиха Исмајлоска и Марина Мијаковска.

Воведничар е проф. д-р Христо Петрески, а промотор е писателот, публицист и литературен критичар Мишо Китаноски.

На промоцијата ќе присуствуваат: авторот Петко Шипинкаровски и поголем број пријатели и љубители на книгата.

Петко Шипинкаровски досега има објавено десетина романи, две романизирани монографии, четири поетски збирки, книгата раскази „Залезнина“ и монодрамата „Толе Паша“.

Шипинкаровски е главен и одговорен уредник на списанието за книжевност „Бранувања“ што се објавува во Струга, како и на истоимената издавачка куќа која досега обелоденила триесетина наслови.