Култура Промоција на книгата „Збор за зборот“ од Златко Жоглев, Данилеа Трајковска и...

Промоција на книгата „Збор за зборот“ од Златко Жоглев, Данилеа Трајковска и од Гордана Стојаноска

Во заедничкото дело на тројцата автори застапени се шеесет песни

Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ од Скопје, на 6 ноември (четврток) 2014 година, ќе се одржи промоција на поетската книга „Збор за зборот“ од Златко Жоглев, Данилеа Трајковска и од Гордана Стојаноска. Во заедничкото дело на тројцата автори, застапени се 60 песни, во кои се говори за мноштво социјални, родољубиви и љубовни теми. Книгата ќе ја промовираат писателите Панде Манојлов и Паскал Гилевски.