Култура Промоција на книгата поезија на Игор Исаковски, „Дека да“

Промоција на книгата поезија на Игор Исаковски, „Дека да“

Културната установа „Блесок“, на 19 септември, од 21 часот, во клубот МКЦ организира промоција на книгата поезија на Игор Исаковски, „Дека да“.

„На роденденот на Игор, песни од последната збирка што тој ја напиша ќе читаат неговите пријатели Јовица Ивановски, Џабир Дерала, Тихомир Јанчовски, Румена Бужаровска, Ана Мартиновска, Срѓан Јанаќиевиќ, Владимир Мартиновски. Ќе свири Тони Китановски.  Да зборуваме за Игор, да ги читаме неговите стихови и да ја слушаме музиката што ја сакаше“, се вели во соопштението за настанот.