Дописници Промоција на книгата „Битка за спас на охридската ендемична пастрмка од нејзино...

Промоција на книгата „Битка за спас на охридската ендемична пастрмка од нејзино истребување“

По повод Денот на екологијата, 5 јуни, вечерва од 18 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, ќе биде промовирана книгата „Битка за спас на охридската ендемична пастрмка од нејзино истребување“ од Лазо Наумоски, дипломиран инженер-агроном и независен еколог.

Во книгата, која има пет поглавја, акцентот е ставен на состојбата со рибниот фонд на пастрмка во Охридско Езеро и на причините за уништувањето на овој ендемичен вид риба.

– Човекот на планетата Земја ќе преживее само ако своите активности ги доведе во согласност со законите на природата – пишува Наумоски.