Македонија Променливо облачно време, со температури до 20 степени

Променливо облачно време, со температури до 20 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со слаб дожд во северните делови од земјата. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура се движи од минус 3 до 7 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје се очекува слично време, променливо облачно, со услови за слаб дожд, а ќе дува умерен северозападен ветер. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 17 Целзиусови степени.