Македонија Променливо облачно време, со температура до 11 степени

Променливо облачно време, со температура до 11 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура се движи од минус 5 до 3 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во Скопје се очекува слично време, променливо облачно со сончеви периоди. Максималната дневна темепратура во главниот град ќе достигне до 8 Целзиусови степени.

До понеделник ќе се задржи променливо облачно време со благо опаѓање на дневните температури, додека утринските на повеќе места ќе се спуштат под нула Целзиусови степени.