Македонија Променливо облачно време со сончеви периоди

Променливо облачно време со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно, проследено со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во текот на денот се очекуваат подолги сончеви периоди. Во текот на вечерните часови се очекува зголемување на облачноста во западните делови на земјата и создавање услови за слаб локален дожд. На планините е можна појава на слаб локален снег.

Минималната температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од седум до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината се очекува слично време, со температура до 12 Целзиусови степени.