Македонија Променливо облачно време со повремен дожд

Променливо облачно време со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд и со засилен јужен ветер. Во текот на денот, во западните делови на земјата се очекуваат почести врнежи од дожд.
Температурата во текот на денот ќе се движи од четири до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината се очекува слично време, со температура до 13 Целзиусови степени.

Метеоролозите јавуваат дека и в недела нè очекува слично време. Од понеделник се очекува стабилизирање на временските услови и постепено зголемување на температурата, кое ќе трае до среда.