Македонија Променливо облачно време со повремен дожд и со грмежи

Променливо облачно време со повремен дожд и со грмежи

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи и со засилен ветер, особено во западните делови од земјава, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ветер ќе дува од север и од североисток, а ќе биде поизразен во северниот дел на земјава.

Максималната дневна температура ќе се движи од 13 Целзиусови степени во планинските западни предели на Македонија, до 18 Целзиусови степени во крајните источни предели.

Во Скопје вредноста во термометрите ќе се искачи до 20 Целзиусови степени.

Од четврток до сабота времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура. Нов влажен бран се очекува в недела.