Македонија Променливо облачно време со локален снег

Променливо облачно време со локален снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален снег, особено претпладне. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до три, а дневната од минус два до девет Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, утринската температура ќе достигне до нула, а дневната температура до четири Целзиусови степени.

Од сабота следува период на претежно сончево време со пораст на дневната температура.