Македонија Променливо облачно со температура до девет степени

Променливо облачно со температура до девет степени

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, а ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој од средината на денот ќе засилува, особено долж Повардарието.

Дневната температура ќе се движи од три до девет Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневната температура во главниот град ќе достигне до седум Целзиусови степени.

За време на викендот и Новогодишната ноќ ќе биде стабилно и суво. За Новогодишната ноќ синоптичарите прогнозираат не многу студено време, со температури кои ќе бидат само некој степен под нулата.