Македонија Променливо облачно, со температура до 14 степени

Променливо облачно, со температура до 14 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено во западните и во северните делови од земјата, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура се движи од 3 до 9 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 10 до 14 степени.

Во Скопје се очекува слично време, променливо облачно со повремен локален дожд и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе се искачи до 12 Целзиусови степени.