Македонија Променливо облачно, со температура до 11 степени

Променливо облачно, со температура до 11 степени

Денеска времето во Mакедонија ќе биде променливо облачно и ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната дневна температура ќе достигне од 3 до 11 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе се искачи до 8 Целзиусови степени.