Македонија Променливо облачно со сончеви периоди и температура до 12 степени

Променливо облачно со сончеви периоди и температура до 12 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Во крајните западни делови од земјата ќе има врнежи од дожд, а на планините снег.

Утринската температура се движи од минус два до четири Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од четири до 12 степени.

Во Скопје се очекува слично време, променливо облачно со сончеви периоди и умерен до засилен ветер од јужен правец. Дневната температура во главниот град ќе достигне до осум Целзиусови степени.