Македонија Променливo облачно со пороен дожд

Променливo облачно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде посвежо, променливо облачно и нестабилно, проследено со пороен дожд и со грмежи. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Температурата ќе се движи од 20 до 31 Целзиусов степен.

Во Скопје и во околината се очекува слично време со температура со 29 Целзиусови степени.

Во следните денови се очекува стабилизирање на времето и пораст на температурата, сè до петок, кога не се исклучува можност за појава на краткотраен дожд и на грмежи.