Македонија Променливо облачно со магла по котлините

Променливо облачно со магла по котлините

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во крајните западни делови, а во источните делови ќе има и појава на краткотраен дожд. Наутро по котлините ќе има магла и намалена видливост, а во текот на денот ќе дува слаб ветер од југоисточен правец повеќе застапен во југозападните делови.

Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 3 Целзиусови степени, а дневната од седум до 13 степени.

Во Скопје изутринава е магливо, а во текот на денот ќе биде променливо облачно со температура до 7 Целзиусови степени.

Од понеделник попладне од југозапад ќе почнат врнежи од дожд кои преку ноќта ќе се прошират насекаде и ќе бидат поинтензивни во ноќта и во вторник претпладне. Од вторник попладне ќе почне да дува и северен ветер, а врнежите кои веќе ќе завршуваат на запад и на север ќе поминуваат во снег на повисоките места и на планините.