Македонија Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер, особено во северните и источните делови.

Утринската температура се движеше од 2 до 10 Целзиусови степени, а дневната температура ќе изнесува меѓу 9 и 23 степени.

Во Скопје ќе биде ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер.

Дневната температура ќе се искачи до 19 степени.

Продолжува периодот на променливо и нестабилно време со локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат од петок попладне, во текот на ноќта и в сабота, кога ќе има пад на дневната температура.