Македонија Променливо облачно со дожд

Променливо облачно со дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, а претпладнево и во вечерните часови со повремени врнежи од дожд, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе дува умерен ветер од југозападен и југоисточен правец.

Максималните температури ќе се движат од 10 до 16 Целзиусови степени.

Синоптичарите за утре најавуваат облачно време со повремени врнежи од дожд, додека до среда следува спуштање на постуден воздух од север, што ќе донесе врнежи од снег на планините.