Македонија Променливо облачно, попладне дождливо

Променливо облачно, попладне дождливо

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со повремени сончеви периоди во претпладневните часови, додека попладне и во текот на ноќта ќе има зголемување на облачноста и повремени локални врнежи од дожд. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни и се очекува да наврнат и повеќе од 20 литри на еден квадратен метар.

Ќе дува умерен ветер од североисточен и од северозападен правец, додека во југоисточните предели ќе дува умерен југоисточен ветер.

Утринската температура се движи од -1 до 8 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 8 до 17 степени.

Во Скопје се очекува слично време, променливо облачно, со услови за врнежи од дожд во попладневните и во вечерните часови. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 15 Целзиусови степени.