Македонија Променливо облачно и со повремени врнежи од дожд

Променливо облачно и со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и со повремени врнежи од дожд. Во западните и источните делови на земјата, во одредени места дождот ќе биде поинтензивен. Локален пороен дожд попладнево се очекува и во јужните делови.

Минималната температура ќе се движи од 12 до 20, а максималната од 21 до 27 степени Целзиусови.

Во Скопје и околината се очекува слично време, со температура до 27 степени Целзиусови.