Македонија „Професорски пленум“ бара да се повлечат измените на Законот за високо образование

„Професорски пленум“ бара да се повлечат измените на Законот за високо образование

Иницијативата „Професорски пленум“ денеска објави соопштение во кое се вели дека имаат само една сугестија до Владата за измените на Законот за високо образование (државниот испит), а тоа е тие веднаш да бидат повлечени.

„Почитуван Премиер на Република Македонија, Професорскиот пленум со особено задоволство Ви соопштува дека има една сугестија за предлог-измените на Законот за високото образование: Повлечете ги веднаш“, гласи соопштението.