Македонија Професорите учат од студентите, и тие основаат „Пленум“

Професорите учат од студентите, и тие основаат „Пленум“

Реформите во високото образование ги натераа професорите да ги следат постапките на студентите. Утре, во 13 часот, на Филозофскиот факултет во Скопје, професорите што го потпишаа отвореното писмо до Владата и уште стотина други кои им се приклучиле ќе го основаат „Професорски пленум“.

Денеска на социјалната мрежа „Фејсбук“ се појави нова страница „Професорски пленум“, каде што е објавено и соопштението за јавност. Во соопштението пишува дека пленумот е „неформалана група со цел да поттикне јавна, отворена и информирана дебата за реформата на високото образование во Република Македонија со учество на сите засегнати страни“.

„Професорскиот пленум“ се залага за прекинување на постапките за усвојување на последните измени во законот за високо образование и за почнување вистинска јавна дебата за потребните измени во образовниот систем.