Дописници Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието

Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието

Единственото мултикултурно основно училиште од охридскиот регион, „Братство“, е избрано да биде модел во проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.

Директорот Муамер Доко, на промоцијата на проектот, посочи дека „Братство“ е училиште-пример кој треба да се искористи за изградба на добра соработка и на добар соживот помеѓу заедниците со различни култури. Доко изрази благодарност до вработените во оваа образовна установа кои, како што рече, даваат несебичен придонес за да може училиштето да функционира беспрекорно.

Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието е четиригодишна иницијатива која соработува со сите релевантни институции во процесот на етничкото интегрирање и е насочен кон создавање политичка, социјална и економска клима потребна за да се постигне одржлива интеретничка интеграција во училиштата, како и во целото општество.