Свет Продолжуваат антивладините протести во Романија

Продолжуваат антивладините протести во Романија

Неколку илјади Романци синоќа повторно протестираа во повеќе градови на Романија и бараа оставка на Владата, која не успеа да го измени Кривичниот законик, со што ќе се овозможеше ослободување од гонење на лица осомничени за корупција.

Како што јавуваат локалните медиуми, околу 2.000 луѓе протестираа пред зградата на Владата во Букурешт извикувајќи „крадци“ и „оставка!“.

– Владата ја загуби сета доверба. (Владејачката) Социјалдемократска партија победи на изборите (во декември) и ние тоа не го оспоруваме, но таа треба да најде чесни луѓе кои ќе управуваат со земјата, рече дека од говорниците на протестот.

Протести се одржаа и во други градови во Романија, а еден од поголемите се одржа во Клуж, каде се собраа околу 3.000 лица.

Протестите во Романија траат веќе еден месец, откако владата на 18 јануари, веднаш по полноќ, без најава изгласа указ со кој се ублажуваат антикорупциските мерки и со која се ослободуваат политичари од кривично гонење.