Македонија Продолжува судскиот процес за Диво Насеље

Продолжува судскиот процес за Диво Насеље

Во свечената сала на Врховниот суд денеска продолжува судскиот процес за Диво Насеље. Во овој предмет им се суди на 37 обвинети за тероризам и за логистичка поддршка на оваа терористичка група.

Лани на 9 и на 10 мај во кумановско Диво Насеље вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и од посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.