Македонија Продолжува сончевото и топло време, денеска со температура до 38 степени

Продолжува сончевото и топло време, денеска со температура до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и малку потопло, со мала локална облачност и слаб до умерен североисточен ветер.

Дневната температура во земјава ќе се движи од 30 до 38 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, а температурата ќе се движи во интервалот од 16 до 36 Целзиусови степени.

И во наредните денови во земјава ќе се задржи сончево, топло и суво време, без подрастична промена на температурите.