Македонија Продолжува собраниската седница за уставните измени

Продолжува собраниската седница за уставните измени

Пратениците во Собранието на Република Македонија денеска на 30. седница ќе се изјаснат за осумте предложени предлог-амандмани на Уставот, за чие донесување е потребно двотретинско мнозинство, односно 82 пратеници да гласаат „за“.

Со предложените уставни измени, бракот се утврдува како заедница меѓу маж и жена, се формираат меѓународните финансиски зони, се преименува Народната банка на Република Македонија во Банка на Република Македонија, Државниот завод за ревизија станува уставна категорија, Собранието да го избира и разреши Главниот резивизор, Судскиот совет да го сочинуваат 15 члена, се воведува институт уставна жалба, која може да ја поднесе физичко или правно лице, се утврдува работата и постапката пред Уставниот суд. Пратениците ќе треба да гласаат и за амандманот со кој се предвидува дека дефицитот на буџетот не смее да надмине три отсто од буџетот на БДП, а јавниот долг не смее да надмине ниво од 60 отсто од БДП. Со овој амандман, исто така, предвидено е Владата да може само во исклучителни ситуации да отстапи од утврдените фискални политики и тоа во случај на природни катастрофи и екстерни шокови кои влијаат на загрозување на националната безбедност, здравјето на луѓето или значителен пад на реалниот БДП.