Македонија Продолжува седницата на собраниската комисија за извештаите на Јанева и на Зврлевски

Продолжува седницата на собраниската комисија за извештаите на Јанева и на Зврлевски

Денеска во 13 часот треба да продолжи седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на која специјалната јавна обвинителка Катица Јанева треба да продолжи да одговора на прашањата на пратениците.

По два дена работа, синоќа на Јанева ѝ се слоши и таа ја напушти седницата.

По кратко време од Специјалното јавно обвинителство испратија соопштение во кое Јанева се извинува што ја напуштила седницата поради влошената здравствена состојба.

На седницата на собраниската комисијата, освен извештајот за работата на СЈО, на дневен ред е ставен и извештајот на Јавното обвинителство, каде одговорен е обвинителот Марко Зврлевски.