Дописници Продолжува размената на студенти меѓу Македонија и САД

Продолжува размената на студенти меѓу Македонија и САД

Воената академија „Норвич“, која е и најстариот приватен воен универзитет, од пролетниот семестар ќе почне со реализација на проектот за размена на питомци и на студенти.

Ова било договорено на вчерашната средба на министерот за одбрана на Македонија, Зоран Јолевски, со претседателот на Универзитетот, ‎адмирал Ричард Шнајдер.

На средбата министерот Јолевски изразил задоволство од досегашните контакти и од соработката со универзитетот на кој досега имале можност да се школуваат студенти од Универзитетот „Св. Апостол Павле“ од Охрид.

Претседателот Шнајдер посочил дека досегашното искуство од соработката со Македонија е исклучително позитивно и изразил задоволство што продолжува размената на студенти меѓу Македонија и САД, од Универзитетот „Норвич“, со студенти од Универзитетот за информатички научки и технологии „Св. Апостол Павле“, како и од Воената академија од Скопје.